ВМРО-ДПМНЕ: Проектот за детски градинки е долгорочен, има средства за реализација
Средства за реализација на проектот за отворање на детски градинки има и тој ќе се реализира бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е одговорна партија и ги исполнува ветувањата дадени пред граѓаните, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на изјавата на Дамјан Манчевски од СДСМ.
- Граѓаните знаат дека се што ВМРО-ДПМНЕ ќе вети, истото се реализира. Граѓаните знаат дека за разлика од деструктивната политика на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ настапува со конкретни проекти, рокови и финансиски средства за нивна реализација, се наведува во писмената реакција од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека Буџетот за 2017 година важи заклучно со 31 декември следната година, а оти проектот за отворање на детски градинки е долгорочен којшто подразбира долгорочно буџетирање.
- Откако ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката на граѓаните отворени се 52 градинки, а опфатот на деца во градинките е зголемен од 9 проценти во 2006 година, на 26 проценти во 2016 година, се истакнува во реакцијата.
Ново на Сител
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава