ВМРО-ДПМНЕ: Писмото до амбасадорите е страв на Заев од избори и алиби да ги избегне
ВМРО-ДПМНЕ реагира на писмото што лидерот на СДСМ Зоран Заев вчера го испратил до амбасадорите гаранти на договорот од Пржино, оценувајќи дека тој тоа го прави бидејќи е исплашен од тоа што, како што стои во дописот, го очекува најголемиот пораз на изборите во декември и почнува да бара алиби повторно да избега и да не се соочи со граѓаните на избори“.
- Затоа бара алиби да ја продолжи кризата, бидејќи само во таков амбиент може да биде некаков фактор. Овој пат тоа нема да помине. Не може Уставниот суд да му биде виновен затоа што аболицираниот Заев одлучи да игра на картата дека „сега му било мајката да ја редефинирал Македонија". Не може никој да е виновен што самиот одлучи да нуди двојазичност и федерализација, спротивно на интересите на македонскиот народ. Не може да му се виновни судовите што Катица Јанева не може да му ги испорача политичките нарачки. Не може судовите да се виновни што Катица Јанева за една година не успеа ни да ги научи делата што му се ставаат на товар во случајот „Пуч“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според владејачката партија, инволвирањето на Уставниот суд од страна на Заев е измислување нов услов за изборите, исто како и условувањето со носењето на буџетот за идната година.
- Македонија мора да продолжи да функционира без разлика на блокадите од СДСМ. Тој што ќе победи на изборите може да направи ребаланс на Буџетот, доколку смета дека е тоа потребно. Аболицираниот криминалец Зоран Заев знае дека ќе изгуби. Негово е да се жали до амбасадите, но бегање од волјата на народот нема, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден