ВМРО-ДПМНЕ обвини за партизација во МВР
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека се врши партизација во Министерството за внатрешни работи и се принудуваат вработени да поднесат барање за да бидат прераспоредени на пониски работни места.
- Ваквите закани не се упатени само кон вработени во Скопје, туку и по секторите за внатрешни работи низ државата. Таргет се сите професионалци кои не постапуваат по партиските наредби на Оливер Спасовски, рече Саше Павловски на прес-конференција во седиштето на партијата.
Павловски оцени дека она што го прави министерот за внатрешни работи е незаконски и во спротивност во Колективниот договор и Законот за внатрешни работи.
- МВР мора да одговори колку решенија се поделени изминатиов период и кои се причините за смени. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува професионалците во полицијата да не подлегнуваат на политичките притисоци од страна на потпретседателот на СДС и правдата да ја бараат пред повисоките органи. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува претставниците на меѓународната заедница кои го следат работењето на полицијата, навреме да реагираат и да не дозволат ситуацијата да излезе вон контрола, рече Павловски.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување