Македонија
15. January 2016 - 13:39

ВМРО-ДПМНЕ: Груевски ќе биде кандидат за премиер на изборите во април

Кандидат за премиер на Македонија со кој ќе настапи ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори ќе биде Никола Груевски, а за кандидат за премиер на Владата која е задолжена да ги спроведе овие избори ќе биде генералниот секретар на партијата Емил Димитриев.

Ова се одлуките на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кои ги соопшти Илија Димовски, член на ИК.