ВМРО-ДПМНЕ: Деструкцијата на поттикнувачите резултираше со обид за атентат врз Тодоров
Оркестрираната хајка против ВМРО-ДПМНЕ и нејзините функционери има за цел заплашување и елиминирање на единствената политичка партија во Република Македонија, која работи за национално единство и просперитет на сите граѓани на државата, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
- Вчера јавноста ги виде на дело резултатите од лагите, омразата и гневот кои СДС и инсталациите на Сорос во граѓанското општество со години свесно ги подгреваат против ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата.
Вчера, како што посочуваат, деструкцијата на поттикнувачите, резултираше со обид за атентат врз Никола Тодоров, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и до вчерашен вицепремиер и министер за здравство, велат од партијата.
- СДС и соросовите платеници со години хистерично лажеа и спроведуваа хајка против Тодоров нарекувајќи го „масовен убиец“ и „министер за смрт“. СДС и соросовите платеници со години манипулираа и си поигруваа со чувствата на болните и нивните семејства. Безобразно и ниско поттикнуваа омраза, без никакви артументи. Исходот од ваквото срамно однесување го видовме, се наведува во соопштението.
Обидот за убиство на Тодоров, како што истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ, како и подметнувањето на бомба во домот на Антонијо Милошоски и заканите по останатите функционери се кукавички акти кои ќе се помнат.
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува надлежните институции во најкус можен рок да ги расчистат случаите и соодветно санкционираат сторителите, поттикнувачите, помагачите и нарачателите.
- На никој да не му паѓа на памет да сокрива или амнестира некого од одговорност. ВМРО-ДПМНЕ ниту се плаши ниту ќе се плаши од вакви и слични закани и секогаш ќе и служи на Република Македонија, без разлика колку тоа на некој и да не му се допаѓа. СДС треба да знае дека власта е дадена на определено време. Одговорност ќе има за секое криминално дејствие и од тоа неможе да ги спаси никој, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Изгласана Резолуцијата за Сребреница во ОН – 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот:
-
Тројца повредени во сообраќајка на крстосницата кај Башино Село на автопатот над Велес
-
Претседателката оствари телефонски разговор со Зеленски: Украинскиот народ може и во иднина да смета на македонското сојузништво
-
63-годишен маж демнеел женско лице од Дебар по што и го украл телефонот на работното место
-
Графитите избришани, сторителите непознати, насликана нова содржина на монументот на гостиварскиот кеј
-
Левица: Црква изградена во 1874 година настрада од минирањата на „Бехтел и Енка“
-
Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Георгиев
-
110 пушки од Првата светска војна пронајдени при ископ во Старата касарна во Битола