Владата ќе расправа за штетите од невремето и стратешките приоритети во 2018.
Владата на Република Македонија денеска во 17 часот ќе одржи седница на која ќе разгледа информации поврзани со санирањето на последиците од поројните дождови и со причинетите штети на земјоделските култури во ресенскиот и тетовскиот регион.
На дневен ред на 16-тата седница е и Предлог-одлуката за утврдување на стратешките приоритети на Владата на Република Македонија во 2018 година.
Се очекува да бидат донесени и неопходни одлуки во пресрет на активностите предвидени со воената вежба „Dragoon Guardian“ околу влегување и престојување на војска на САД на територијата на Република Македонија заради учество во заедничката вежба.
Владата ќе ја разгледа и информацијата за учеството на Република Македонија на ЕКСПО 2020 ДУБАИ, како и извештајот за извршени преговори, со усогласен текст на Договорот меѓу Советот на министри на Босна и Херцеговина и Владата на Република Македонија за заемно признавање и замена на возачки дозволи во двете земји.
На денешната седница се и предлози и одлуки за кои Владата дава мислење по барање на Собранието на Република Македонија, а кои се однесуваат на годишните извештаи и планови на повеќе агенции, регулаторни тела и јавни претпријатија.
Пред министрите, како што соопшти владината прес- служба, се и предлози за одредени кадровски и други прашања во интерес на граѓаните.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Лимани и Камбовски нови членови на Судскиот Совет
-
Мицкоски го доби мандатот да формира Влада
-
Мицкоски бара од Гаши да се извини за изјавата дека Косово е неговата татковина
-
Револтирани стружани со свирежи го одбележаа патронот на училиштето „Браќа Миладиновци“
-
Судиите од Врховен бираат претставник за Судскиот Совет
-
Денеска се затвораат вратите во СДСМ за поднесување на претседателски кандидатури
-
На ортопедија и траума работат 2 од 6 операциони сали