Бизнис
18. July 2015 - 16:14

Владата досега исплати 52 милиони денари отштета од поплавите во јануари и февруари

Околу 1380 погодени семејства од поплавите досега се стопроцентно обештетени. Владата го исполнува ветеното и досега има исплатено 52 милиони денари на земјоделците и домаќинствата од пелагонискиот и другите региони кои беа зафатени од поплавите во првите два месеци годинава.  Премиерот Груевски во март првпат најави, дека државата нема да ги остави на цедило граѓаните чии имот и посеви настрадаа.

- Сакам да потврдам дека со цел да им се излезе во пресрет на луѓето чии земја и имоти настрадаа, Владата ќе извши 100 отстотно обештетување за сите погодени, согласно проценката на проценителите кои на терен ја вршеа проценката. Значи колку што проценителите ќе проценат и утврдат дека имало штета, толку ќе им биде исплатено обесштетување на луѓето. Е тоа е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија, рече Груевски.

Наредната недела уште 323 лица од општините Могила, Новаци,Демир Хисар како и Битола Босилово и Кривогаштани ќе ги добијат средствата на своите сметки. Со одлука на Владата ќе им бидат исплатени околу 8 милиони денари.

Институциите и понатаму работат на проценка на штетите во останатите општини, а освен за обештетување на граѓаните ќе бидат издвоени и пари за обнова на оштетената инфраструктура. Владата со поддршка од  ЕУ за таа намена  обезбеди средства во висина од 10 милиони евра.