-->
-->
Вкупно 14 уапсени поради синоќешните немири во Атина
-->
Вкупно 14 лица се уапсени за учество во судирите кои избувнаа меѓу полицијата и демонстрантите на синоќешните протести во Атина.
Тројца од уапсените се Грци, четворица се Иранци, тројца Французи, двајца се од Швајцарија, еден од Австрија и еден е Кипарец.
Уапсените денеска ќе бидат изведени пред обвинител.
Вчера во Атина се одржа протест како завршница на тридневниот генералн штрајк, додека пратениците дискутираа, а потоа и ги усвоија реформите во пензискиот и даночниот систем, во согласност со барањата на кредиторите.
Демонстрантите фрлаа молотови коктели и други предмети кон полицијата, која одговори со солзавец. Според органите на редот, во протестите учествуваа околу 20.000 луѓе, но повеќето од нив си заминаа откако избувнаа немирите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло