-->
-->
Вијареџо: Убедлив триумф на Академија Пандев
-->
Единствениот македонски претставник на престижниот меѓународен турнир за млади фудбалери „Вијареџо 2016“, Академија Пандев ја забележа првата победа на Вијареџо купот откако денеска ја совлада екипата на АПИА со резултат 3:0.
После убедливиот пораз од Интер со резултат 4:0 нашите фудбалери тргнаа офанзивно уште на самиот старт на натпреварот и постигнаа два брзи погодоци во 11 и 18 минута од натпреварот. Стрелец на првиот погодок беше Миловановиќ а на вториот Мишов. Во 50 минута со погодокот на Радојќиќ беа поставени конечните 3:0 на натпреварот.
Во сабота Академијата Пандев го игра последниот натпревар против Специја,а тој натпревар започнува во 15:00 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024