Ви смрдат патиките? Еве кои лекови ги предлагаат читателите
Дел од читателите велат дека е доволно редовно да се мијат нозете, дел да се купуваат поскапи обувки, а дел, пак, велат дека нема лек. Еве некои конкретни совети:
-Обувките менувајте ги често. Ако ги носите повеќе од 8 часа, не ги облекувајте следниот ден.
-Сода бикарбона. Да се користи само ако почнува да јавува непријатна миризба.
-Бекутан бебешка пудра во комбинација со сода бикарбона. Се става во обувките ако јавува непријатна миризба.
-Хлорамфеникол маст да се измачка на измиено, а да се аплицира помеѓу прстите на нозете. Читателот вели дека постапката се повторува најмногу до 5 дена и проблемот е решен.
-Канестен маст. Ова е важно при габични инфекции.
-Ставете ги навечер измиените нозе во топла вода со морска сол. По некое време смрдеата целосно исчезнува.
-Лидера крем за стапала. Според упатството се мачка до 2 пати неделно на измиени нозе додека непријатната миризба не се изгуби.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот