Loading Video...
Фудбал
9. December 2017 - 15:37

Вест Хем го изненади Челзи

Екипата на Вест Хем приреди големо изненадување во воведниот меч од 16.коло на Премиер лигата. 
 
Фудбалерите на Вест Хем се радуваа на победа во мечот против Челзи со 1:0 благодарение на голот на Марко Арнаутовиќ уште во 6.минута од натпреварот. 
 
 
Ова е само трета победа за „чеканите“ кои со 13 бодови се во опасната зона за напуштање на елитното друштво, додека Челзи го претрпе третиот пораз по кој останува на 11 бодови помалку зад лидерот Манчестер Сити односно три зад Манчестер Јунајтед. 
 
Инаку овие два тима утре ќе го одиграат дерби на Манчестер во кое Јунајтед е домаќин на Сити на средбата која ќе започне од 17.30 часот, додека претходно во терминот од 15.15 часот се игра градското дерби на Ливерпул и тоа на „Енфилд“ каде Ливерпул го пречекува Евертон.