-->
-->
Вардар го претстави Јаневски пред дуелот со Фенербахче
-->
Македонскиот фудбалски шампион Вардар под водство на новиот тренер и поранешен играч на овој клуб Чедомир Јаневски ќе се појави на утрешниот дуел од баражот од Лига Европа против турската екипа Фенербахче. На прес конференцијата пред дуелот новиот стратег на „црвено-црните“ истакна:
- Сакам да се заблагодарам на управата на ФК Вардар што мене ми ја додели улогата да се вратам во клубот што ја направив најголемата афирмација. Ќе продолжиме таму каде што клубот застана и ќе се обидеме да придонесеме за македонскиот фудбал. Гледав неколку натпревари, нема многу промени во играчиот кадар. Единствено моите замисли како треба да играме ќе треба да ги вметнам. Фенербахче добро го познаваме, го скаутиравме, ова е голема шанса за оваа генерација да постигне успех, истакна Јаневски.
Јаневски потпиша двегодишен договор со Вардар, а неговиот последен ангажман беше во белгискиот клуб Васланд Беверен. Тој претходно беше и селектор на македонската репрезентација.
Капитенот на „црвено-црните“ Бобан Грнчаров ја знае големината на утрешниот ривал Фенербахче, но смета дека тој и неговите соиграчи имаат втора историска шанса.
- Пред нас е голем противник, можеби најголемиот што играл во Скопје последниве години. Фенербахче има играчи кои сами можат да го решат натпреварот, но ние сме подготвени за предизвикот и да ја израдуваме македонската публика, изјави Грнчаров.
Натпреварот Вардар - Фенербахче се игра утре на Националната Арена „Филип Втори“ со почеток во 20 часот.
фото: www.ekipa.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции