Вандализам на изборите: Обоени со црн спреј два автомобили во Неготино
Два автомобили сопственост на едно неготинско семејство биле обоени со црн спреј во текот на изминатата ноќ, информираше денеска Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.
Случајот утрово во 7:50 часот телефонски го пријавила 45 годишната Г.Ј. од Неготино, во неготинската полициска станица.
- Во пријавата е наведено дека дека на улица „12-те Ваташки Другари“ пред куќен број 25 во Неготино, во временскиот период од 01:00 часот се до моментот на пријавување, од страна на непознато лице извршено е оштетување на два патнички автомобили „пежо 206“ и „опел астра“. Автомобилите во сопственост на пријавителката и нејзиниот сопруг, на повеќе места биле обоени со црн спреј, соопшти Стојковска.
Полициски службеници извршиле увид на лице место, се превземаат мерки за целосно расветлување и документирање на случајот.
Ново на Сител
-
Манолева: Договорени се алтернативнин решенија за хируршките сали
-
ЦУК: Нестабилност со пороен дожд и грмежи подолго време се задржува околу Кавадарци, Неготинио и Демир Капија
-
Димитровска: По верификација на мандатот именуваните и избраните лица треба да се откажат од сите претходни функции
-
Кое е вашето емотивно наследство? | Марина Анчевска | Личен развој | Sitel Podcast 040
-
Македонските кикбоксери од Балканско со 9 златни, 12 сребрени и 11 бронзени медали
-
Најтопло во Велес, Гевгелија, Кавадарци - 34 степени, до крајот на денот локална појава на пороен дожд и грмежи
-
Пред Ајфеловата кула оставени ковчези оставени со натпис – француски војници од Украина, приведени три лица
-
Повеќе загинати и повредени во пожар во руска нафтена рафинерија