Македонија
2. July 2017 - 12:02

Утрово мало заладување - ова се моменталните температури

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе настапи нестабилно време со поројни врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има услови за појава на невреме.

Утринската температура се движи од 16 до 23 степени.