Унгарскиот Парламент денеска избира претседател на државата
Унгарскиот Парламент се собра денеска на пленарно заседание во Будимпешта со цел да избере шеф на државата.
За оваа функција ќе се избира меѓу двајца кандидати.
Кандидатот на владејачката партија ФИДЕС Јанош Адер и кандидатот на левичарската опозиција - поранешниот омбудсман Ласло Мајтени.
Унгарскиот претседател ќе биде избран со тајно гласање, а победник ќе биде оној кој ќе добие две третини од гласовите. Доколку не се успее во првиот круг, ќе се одржи и втор круг на гласањето и претседател ќе биде оној кој ќе добие просто мнозинство.
Во моментов ФИДЕС и нејзините коалициони партнери, Христијанско-демократската народна партија располагаат со уставно мнозинство - две третини од гласовите во унгарскиот Парламент (133 од 199 гласови).
Поради тоа изборот на нивниот кандидат, изгледа како формалност, посочува ТАСС.
Сегашниот унгарски претседател Јанош Адер, кој е фаворит на овие избори, ја доби функцијата во 2012 година, а неговиот мандат завршува на 10 мај.
Мајтени ужива поддршка од левичарските опозициски сили - Дијалог за Унгарија, Унгарската социјалистичка партија и Демократската коалиција. Десничарската опозиција не претстави нејзин кандидат.
Според анкетата на центарот „Незопонт“, 63 отсто од Унгарците го поддржуваат Адер, а 27 проценти се „против“ неговиот реизбор.
Адер е меѓу најомилените политичари во Унгарија.
Претставниците на владејачката партија неколкупати изјавија дека кампањата на опозицискиот кандидат е финансирана од американскиот милијардер со унгарско потекло Џорџ Сорос, забележа ТАСС.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста