Унгарија обвинета за нехуман однос кон имигрантите (видео)
Видеоснимка од најголемиот мигрантски камп во Унгарија, на границата со Србија, ги покажува нечовечките услови, во кои се дели храната, изјавуваат волонтери, кои им помагаат на бегалците во кампот.
Како што јави Танјуг, записот, тајно снимен од австриска волонтерка, која во средата го посетила кампот во Роске, покажува околу 150 мигранти собрани во сала. Тие се туркнаат еден со друг во обид да земат кеси со сендвичи, кои им ги подаваат унгарските полицајци со шлемови и сантирани маски.
Во хаосот жените и децата се обидуваат да земат леб, кој лета во воздух, а во меѓувреме лицата, кои се во задните редови се обидуваат да го привлечат вниманието на оние кои ја делат храната.
- Сето тоа наликуваше на хранење на животни во трло, нешто како Гвантанамо во Европа, изјави Александар Шприцендорфер, чија сопруга Михаела го снимила видеото, објавено на Јутјуб синоќа.
Сопружниците, заедно со други доброволци носеле во кампот храна, облека и лекови.
Ново на Сител
-
23-годишен битолчанец силувал лице со трајно душевно заболување, го снимал и пренесувал на Youtube
-
Ахмети ќе се обрати од Мала Речица
-
Приведен бегалец од затвор, издржува казна од две години и девет месеци
-
Најмногу дожд во Демир Капија
-
Тешка сообраќајка во Србија: Во судир со автобус загина возачот на автомобилот, 30 луѓе се повредени
-
Прва победа за Минесота во конференциското финале со Далас
-
Kонституиран новиот собраниски состав, Гаши нов спикер
-
Кацарска ќе даде осврт за претседателскиот мандат во Уставен, до крајот на месецов ќе се знае нејзиниот наследник