Укината радиодифузната такса, зголемена минималната плата, обезбеден надоместок за стечајците
Повеќе пари за граѓаните, укината е радиодифузната такса, зголемена е минималната плата, обезбеден е надомест за стечајните работници
За само стотина дена Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство докажаа дека може да се работи чесно, одговорно и во интерес на граѓаните, наместо криминално, расипнички и во интерес на поединци, како што тоа беше за време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Преку одговорното, отчетно и домаќинско работење и преку кратењето на непродуктивните трошоци и трошоците за луксуз се спроведоа низа на мерки со кои се решаваат долгогодишни проблеми на граѓаните.
Веќе од следниот месец, минималната плата ќе изнесува 12.000 денари и таа ќе важи и за вработените во текстилната, кожарската и индустријата за обувки и веќе нема да бидат дискриминирани и да добиваат пониска плата од вработените во останатите индустрии како што беше досега.
Трајно се реши и долгогодишниот проблем со стечајните работници. Околу 3000 лица од оваа категорија ќе добиваат месечен надомест од 7596 денари со што им се обезбедува материјална поддршка и се исправа децениската неправда што им беше нанесена. Се укина и радиодифузната такса и таа веќе нема да биде товар за граѓаните и фирмите.
И покрај бројните опструкции од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство докажуваат дека зборот е збор и дека сите зацртани рефоми се спроведуваат во интерес на граѓаните. Наместо за лускуз, сомнителни тендери и провизии за Никола Груевски, парите на граѓаните денес се користат за повисоки плати и пензии, поддршка за стечајците и за побогати семејни буџети.
Освен на централно, таквиот принцип на одговорно и домаќинско работење ќе продолжи и на локално ниво, кога на локалните избори граѓаните ќе ја изберат чесната понуда на СДСМ и коалицијата и ќе стават крај на деструктивното, расипничко и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво.
Ново на Сител
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје