Македонија
25. May 2017 - 13:06

УХМР со вонредна најава: Еве што не очекува од вечерва до сабота

Од денес, па се до сабота претпладне нашето подрачје ќе биде под влијание на циклонска циркулација од Медитеранот. Ќе преовладува претежно облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во попладневните и ноќните часови, како и утре претпладне, особено во западните и јужните делови. На места врнежите ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Од овој влажен бран, на повеќе места се очекува да наврнат над 45 л/м2 воден талог. Утре кон крајот на денот интензитетот на врнежите ќе се намалува, така што в сабота врнежите ќе бида слаби и локални.

 Утре и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, повеќе ќе биде изразен во северните делови.

 Од недела се очекува постепено стабилизирање и затоплување на времето.