Уапсени пратеници на хрватската партија Жив ѕид
Хрватскиот сабор денеска ја прекина седницата на која треба да биде избрана новата Влада на Хрватска, поради апсење на неколкумина пратеници на партијата Жив ѕид, јави Хина.
- Полицијата уапси наши пратеници и не им дозволува да дојдат на седницата, изјави пратеникот на Жив ѕид, Иван Пернар, на чие барање и беше прекинато заседанието на Саборот.
Тој појасни дека пратениците биле уапсени додека присуствувале на протест поради принудно иселување на едно осумчлено семејство во загрепската населба Светиот Дух.
На денешната седница Саборот треба да се изјасни за избор на составот на новата влада што ја предложи мандатарот и лидер на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Андреја Пленковиќ.
На седницата на која Плнековиќ треба да ја презентира и програмата за работа на владата во периодот 2016-2020 година, присуствва и хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник