Loading Video...
Фудбал
24. March 2018 - 19:51
У-17: Домаќинот Полска подобар од нашите надежи
Фудбалската селекција на Македонија до 17 години го доживеа и вториот пораз на квалификацискиот турнир од елитната фаза што се игра во Полска. Овојпат нашите надежи загубија од домашната селекција со 3-0.
Стрелци на головите за Полска беа Жук, Бида и Ришер.
Во вториот меч Ирска ја совлада Грузија со 2-0 и сега на чело на табелата со 6 бода пред Полска со 4, Грузија со 1 и Македонија која е без бодови.
Во последното коло играат Македонија - Грузија и Ирска - Полска.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->