Туск му честита на Трамп и му порача дека „Стратешкото партнерство на ЕУ и САД е широко и длабоко“
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, предмалку ги испрати „најискрените честитки на Европската унија“ до Доналд Трамп за неговиот избор за 45-ти претседател на Соединетите американски држави, јави дописникот на МИА од Брисел. Во честитката до Трамп, Туск посочи дека „стратешкото партнерство меѓу Европската унија и САД е вкоренето во нашите заеднички вредности на слобода, човекови права, демократија и верувањето во пазарната економија“.
Челникот на Евросоветот исто така порача дека „низ годините, Европската унија и САД работеле заедно за да се обезбеди мир и благосостојба за своите граѓани и за луѓето од целиот свет“ и дека „е најважно да се зајакнат трансатлантските односи“.
- Само преку тесна соработка на ЕУ и на САД, може да продолжиме да правиме разлика кога се справуваме со досега невидените предизвици, како што се Даеш (ИСИЛ), заканите на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и климатските промени и миграцијата. За среќа, стратешкото партнерство на ЕУ и САД е широко и длабоко. Од нашите заеднички напори за подобрување на енергетската безбедност и климатските промени, преку ЕУ - САД соработката во справувањето со заканите за безбедноста во Европа, источното и јужното соседство, како и за преговорите за трансатлантското трговско и инвестициско партнерство (ТТИП) - ние не треба да штедиме напори да осигураме дека врските што нè врзуваат ќе останат силни и издржливи - порача Доналд Туск.
Претседателот на Европскиот совет, додаде и дека има потреба да се консолидираат мостовите преку Атлантикот и посочи дека „Европејците веруваат дека Америка, чии идеали секогаш биле светилник на надеж во целиот свет, ќе продолжи да инвестира во партнерството со пријателите и сојузниците“, како и дека „ќе помогне да се направи граѓаните и луѓето од светот да се чувствуваат побезбедни и просперитетни“.
- Јас ќе ја искористам оваа можност да ве поканат да ја посетите Европа на ЕУ – САД Самитот во првата можност. Овој разговор ќе им овозможи на нас да го поставиме курсот на нашите односи и во наредните четири години - заклучи Туск.
Претходно, претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, излезе со јавен коментар по поразот кој Трамп и го нанесе на демократскиот кандидат Хилари Клинтон, а која беше фаворит на овие избори во САД, па челникот на Европарламентот порача дека „Трамп треба со веродостојни политики и предлози да го реши стравот и вознемиреноста кај милиони Американци“.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата