Турското обвинителство бара до 142 години затвор за курдскиот лидер Селахатин Демирташ
Турското обвинителство денеска побара до 142 години затвор за копретседателот на главната курдска партија во Турција, Селахатин Демирташ, кој е обвинет за поврзаност со нелегалната Курдска работничка партија (ПКК).
Меѓу обвиненијата, поднесени против Демирташ, се „раководење со терористичка организација“, „вршење на терористичка пропаганда“, „поттикнување на насилство и омраза“, „воздигнување на криминал и злосторник“, за што обвинителството за него бара затворска казна меѓу 43 и 142 години.
Обвинителството во Дијарбекир побарало исто така и меѓу 30 и 83 години затвор за копретседателката на Демократската партија на народите, Фиген Јуксекдаг. Таа е обвинета за „прекршување на законот за протести и собири“, „поттикнување на насилство и омраза“ и „провоцирање на луѓе за извршување на злосторства“.
Демирташ и Јуксекдаг беа уапсени во ноември минатата година заедно со уште десетмина други пратеници од истата партија.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата