Турскиот претседател денеска заминува на петдневна посета на САД
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска заминува во петдневна посета на САД, пренесува турската државна телевизија „ТРТ“.
Целта на посетата е средбата на врвот, која ќе започне во петок, по повод нуклеарната безбедност во светот.
Во САД, Ердоган ќе оствари неколку средби, вклучувајќи ја и средбата со лидерите на еврејските организации и ќе го посети турско-американскиот културен центар во Мериленд, направен со поддршка на Турција.
Засега не е познато дали турскиот претседател ќе оствари средба со американскиот претседател Барак Обама. Портпаролот на Ердоган, Ибрахим Калон, изјави дека се работи на ова прашање.
Имено, медиумите известуваат дека Обама ја откажал средбата со турскиот претседател, чија земја е важен сојузник во борбата против Исламската држава, јавува БТА.
Ново на Сител
-
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците
-
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот
-
Земјотрес од 4,1 степени утрово во Србија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина
-
Приведен грчки државјанин поради давање поткуп
-
Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари
-
Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот