Македонија
5. October 2017 - 12:05

Турски театар-Скопје со „Отело“ гостува на фестивал во Нови Сад

Турски театар-Скопје гостува на првиот Меѓународен театарски фестивал на јазични малцинства „Synergy“ во Нови Сад, каде вечер ќе ја изведе претставата „Отело“ на Шекспир во режија на Дејан Пројковски.

Претставата премиерно беше изведена во јануари годинава. Улогите ги толкуваат Џенап Самет (Отело), Сузан Акбелге (Дездемона), Селпин Керим (Јаго), Осман Али (Касио), Зубејде Али (Емилија) и Неат Али (Родриго).