-->
-->
Трагедија: Почина бебе чија мајка се предвреме го роди поради морбили
-->
Бебето кое на 7 февруари е предвреме родено поради тоа што мајката заболела од морбили, починало вчера на Детската интерна клиника во Ниш. Детето имало само 1530 грама при породувањето, поради што било изложено на многу компликации кои довеле до смртен исход.
- Причина за смртта е крварење во централниот нервен систем како последица на незрели крвни садови, а поради предвремено раѓање. Кај детето не биле диагностицирани морбили, иако неговата мајка била заразена, но мина низа компликации поради предвременто раѓање, изјавил Дејан Милојевиќ, началник на одделението за интезивна нега на Детската интерна клиника во Ниш.
Мајката на починатото бебе Л.М. се опоравила и во вторникот била отпуштена од болница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден
-
Претседателски избори 2024
-
Годишнина од масакрот во училиште во Белград
-
Парламентарни избори 2024
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања