-->
-->
Торес со два гола му донесе победа на Атлетико
-->
Фернандо Торес ги постигна двата гола за Атлетико Мадрид во победата над Леганес, во рамки на 21.коло од фудбалскиот шампионат на Шпанија.
На средбата одиграна на „Висенте Калдерон“ во Мадрид, екипата на Атлетико славеше победа над Леганес со 2-0, а двата гола за „јорганциите“ ги постигна Фернандо Торес (15 и 51.минута).
Валенсија пред домашните симпатизери беше декласирана од Еибар до 4-0. Победа на гости оствари Еспањол кај Малага со 1-0, а Барселона рутинирано со 3-0 го совлада Атлетик Билбао.
Натпреварите од ова коло Депортиво Ла Коруња – Бетис и Селта Виго -Реал Мадрид се одложени поради лошите временски услови што ја зафати шпанската провинција Галиција.
Затоа денеска ќе се одиграат три натпревари и тоа: Севиља – Виљареал, Спортинг Хихон – Алавез и Сосиедад – Осасуна.
За во понеделник закажан е дуелот Гранада - Лас Палмас.
Табела: Реал Мадрид 46 бодови, Барселона 45, Севиља 42, Атлетико Мадрид 39, Сосиедад 35, Виљареал 34,..
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи