Топло до крајот на неделата - Од понеделник голем пресврт со времето
Топло време за овој период од годината со температури над 20 степени ќе се задржи до петoк, а за време на викендот ќе има опаѓање. Метеоролозите најавуваат за утре преодно наоблачување со појава на краткотраен дожд во попладневните часови.
Утре дневната температура ќе достигне до 27 степени, а во петок до 26 степени. За викеднот во сабота до 23 и во недела до 21 степен.
Позначителна промена на временската состојба се очекува од почетокот на наредната недела кога температурите ќе се спуштат за 10 степени. Од северозапад ќе наиде релативно влажен бран, а од север ќе се спушта постуден воздух и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата и промена на временската состојба. Ќе има зголемена облачност и врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините се очекуваат и врнежи од снег.
Во понеделник температурата ќе се движи од 7 до 11 степени, а во вторник од 9 до 13 степени.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје