Балкан
30. March 2017 - 13:00

Тинејџерот што си ги уби родителите трошел по 135 евра дневно за дрога

Полицијата во Шибеник почна нова истрага за да утврди кои лица му продавале дрога на 19-годишниот Тин Шуњерга, осомничен за убиството на своите родители во Велика Чиста кај Водице.

Според некои сознанија, момчето на дрога дневно трошело и по 135 евра (1000 куни). Го гледале во задарското подрачје каде со наркотици го снабдувал еден познат дилерски пар.

-Вујкото на Шуњерга, инаку полицаец, ги известил неговите родители дека синот им се движи во сомнително друштво и дека има проблеми со дрога, пренесуваат хрватските медиуми.

Полицијата ќе ги анализира сите негови контакти со мобилен и на социјалните мрежи, како и заканите до вујкото и братучедите, откако на неговите родители им е пренесено за дека Тин конзумирал дрога.

Шуњерга во саботата од пиштол ја уби прво својата мајка, а неколку часови подоцна  и таткото, полициски специјалец.

Уапсен е во близина на Шибеник. При апсењето се обидел да побегне, но полицајците го спречиле, пукајќи неколку истрели во автомобилската гума од неговото возило.

Шуњерга на сослушувањето во државното обвинителсто ги признал убиствата.