Македонија
20. February 2017 - 19:16

Tим на СЈО на средба со советот на јавни обвинители зошто се откажа од „Пуч“?

И по втората средба помеѓу тимот на Катица Јанева и Советот на јавни обвинители, останува нејасно дали Специјалното обвинителство ќе ги предаде списите за предметот Пуч. Два и пол часа во просториите на Советот, Јанева и пет обвинители од нејзиниот тим образложуваа зошто се откажале од обвинението за Пуч, но повеќе детали од средбата не се откриваат.

Не разговаравме конкретно за „Пуч“, туку за повеќе случаи кои ги отвори Специјалното јавно обвинителство, рече обвинителката Катица Јанева по средбата со претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски.

Зачестените средби помеѓу тимот на Јанева и членовите на Советот на јавни обвинители следат откако во јануари Специјалното обвинителство соопшти дека се откажува од обвинението за предметот Пуч со образложение дека обвинителниот акт е во спротивност со доказите кои ги прибавиле во истражните постапки за Таргет и Тврдина. советот на јавни обвинители ги бара списите од овој предмет со цел да проценат дали одлуката на СЈО е во согласност со законите. Со последната одлука Јанева од вина го ослободи лидерот на СДС ЗОран Заев, екс-разузнавачот Зоран Верушевски  и неговата сопруга Соња, како и двајца службеници од МВР и Општина Струмица, кои се товареа за шпионажа, неовластено прислушување и насилство врз претставници на највисоки државни органи.