Тигањ: Македонија спроведе болни реформи, заслужува отворање преговори за членство во ЕУ што е можно побрзо
„ Македонија спроведе бројни реформи, од кои некои навистина беа и болни. Затоа сметаме дека Македонија заслужува отворање преговори колку што е можно побрзо. Би сакале тоа да се случи уште за време на португалското претседателство – да се одржи првата меѓувладина конференција, односно формалниот почеток на пристапните преговори“, изјави во интервју за МИА амбасадорката на Хрватска во Македонија, Нивес Тигањ.
Тигањ за МИА вели дека Хрватска го поттикнува и поддржува дијалогот меѓу Македонија и Бугарија за изнаоѓање решение. Таа додава дека е потребно и продолжување на реформскиот процес, со консензус на сите политички сили во државата.
– Тоа е многу важно, бидејќи таквиот пристап ја потврдува посветеноста на вашата земја за вашата стратегиска цел, а тоа е членство во Европската Унија. И Хрватска имаше билатерална пречка на својот евроинтеграциски пат, па морам да кажам дека апсолутно имавме еден политички консензус, сите политички субјекти во државата имаа јасна цел и јасно определување за членство во Европската Унија, вели хрватската амбасадорка во интервјуто за МИА.
Хрватската амбасадорка Тигањ подвлекува и дека европската перспектива на регионот е несомнена и оти ЕУ е посветена на политиката на проширување на Западниот Балкан.
Ново на Сител
-
ССМ на протест за 1 Мај
-
Традиционален пикник за 1 Мај
-
Продолжува предизборната кампања
-
Македонија го чека Палевски
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија