Телеком испраќа „Магента“ автобус со македонски навивачи во Загреб
Компанијата за телекомуникации „Телеком“ која е партнерот на Ракометната федерација на Македонија, ќе испрати засилување со педесетина навивачи за „македонската фаланга“ за да ги бодрат нашите најдобри ракометари на утрешниот натпревар против Црна Гора.
- Вечерва тргнува „Магента“ автобусот со навивачи за Загреб. Телеком носи засилување за утрешниот натпревар со Црна Гора. Македонија е во транс по синоќешната еуфорија што ни ја приредија нашите ракометари. Се` поголем е бројот на навивачи кои преку социјалните мрежи се организираат за во живо да ги проследат преостанатите два натпревари од првата групна фаза во Загреб, стои во соопштението од Телеком.
За Загреб со автобусот на Телеком ќе патуваат 50 најсреќни добитници од наградната игра на компанијата организирана преку Фејсбук – „Освој патување за ЕП“.
Ново на Сител
-
Никол Кидман и Зак Ефрон во „A family affair“
-
Питон од пет метри проголтал жена во Индонезија
-
Две пријави за семејно насилство во еден ден
-
Скопјанец нападнат од татко и син во Драчево
-
Куршум оштетил автомобил на млада скопјанка
-
Силјановска ќе го потпише Законот за реорганизација на Владата
-
Неготинец се удави во Охридското Езеро
-
Во кумановскиот затвор се обеси убиецот на Танкица Младеновска од Кочани