Живот
24. July 2017 - 18:02

Тажна вест: После 20 години на функција, умре мачорот-градоначалник на град во Алјаска

Почесниот градоначалник на американскиот град Талкитна во Алјаска - мачорот Стaбс, почина на 20-годишна возраст.

Во градот, во кој живеат само 900 луѓе, од 1997 година градоначалник е Стaбс, а неговите функции на градоначалник ги извршува градскиот совет. Мачорот ја доби престижната функција на сосема рана возраст, кога беше малку маче.

Пред 20 години, менаџерот на еден од локалните продавници Лори Стек на шега ја поднесе кандидатурата на портокаловиот Стабс, кого само што го згрижила од улица. Идејата беше прифатена од локалните жители и така две децении во Талкитна немало градоначалник на две нозе.

Се очекува почесната функција да биде „предадена“ на друго маче, кое живее во исто семејство во кое и Стабс.