Таткото се отрул од ракија, 15-годишниот син во кома
Исмет Омеровиќ (57) починал во петокот во тузланската болница од прекумерно конзумирање алкохол. Неговиот 15-годишен син, поради труење со алкохол е во кома и е сместен на Клиниката за интензивна нега и реанимација Тузла.
Семејството Омеровиќ е со потекло од Зворник, а живее во пограничната населба Караула во Живиница, Босна и Херцеговина.
Новости.рс пишува дека во средата таткото и синот со уште неколку жители на оваа населба конзумирале алкохол.
Во средата пиеле ракија со друштво, а утрото таткото почувствувал мачнина. Се жалел на болки во градите и повраќал, а вечерта го однеле во Итна служба. Веднаш бил префрлен во болница во Тузла, каде набрзо умрел. Синот во петокот почувствувал исти мачнини и тој веднаш бил пренесен во Итна, а потоа и во болница. Тој е во кома и не е комуникативен.
После анализите било утврдено дека смртта на Исмет настапила поради труење со алкохол. Во овој случај ќе се врши и понатамошна истрага, а земено е и шишето алкохол од кое конзумирале таткото и синот.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста