Македонија
2. јуни 2017 - 20:11

Татко од Скопје доби 30 дена притвор откако ОЈО отвори постапка против него под сомнение дека го силувал своето дете

Татко од Скопје доби 30 дена притвор откако Обвинителството отвори истражна постапка против него под сомнение дека го силувал своето дете. Од Обвинителството во писмено соопштение велат дека таткото ќе одговара за кривично дело полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години.

Според информациите, осомничениот го силувал своето дете во повеќе наврати во периодот од септември до декември минатата година во време кога ги користел законски овозможените видувања на детето од вонбрачна заедница.

Случајот во полиција го привјаила мајката на детето откако кај него забележала промени во однесувањето.