Тalk IN Business конференција „Дистрибуција и логистика“
„Дистрибуција и логистика“ е темата на четвртата интерактивна Talk IN Business конференција, што се одржува денеска во Скопје, во организација на магазинот InStore – Македонија.
Производители, дистрибутери, логистичари и трговци од секторот за широка потрошувачка разговараат за предностите на сопствената дистрибуција, оптимизацијата на работните процеси и централното магацинско работење. Разменуваат искуства за зголемување на ефикасноста со помали трошоци, за спецификите и новитетите во магацинското работење и за трендот на аутсорсинг во дистрибуцијата.
- Ова е четврта конференција, а првпат е за логистика и дистрибуција, која е многу важен дел од работењето на FMCG-секторот, клучна алка од синџирот без која не би можело да се функционира, изјави Верица Мартиноска, одговорен уредник на магазинот InStore – Македонија.
На конференцијата, појасни, се разменуваат искуства за проблеми и можни начини како да се решат, за иновативни процеси коишто дел од најголемите фирми во Македонија ги имаат вклучено во своето работење и за иновации на пазарот во светот кои се надеваме дека ќе стигнат и ќе се имплементираат кај нас.
Talk IN Business е регионален проект, кој македонската редакција на магазинот InStore го спроведува во Македонија. Интерактивните Talk IN Business конференции се одржуваат еднаш месечно, а секоја од нив обработува одредена категорија производи од секторот за широка потрошувачка.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата