Џет-Сет
28. May 2016 - 12:33

Светските медиуми за Анастасија: "Ќерка на злосторник се фали со огромното богатство за роденден"

Веста за гламурозната журка за полнолетството на Анастасија, на кое присуствуваше цел џет-сет од Србија, стигна и до светските медиуми. Сепак, она што го напишаа англиските медиуми не е ни малку пофално.

Еден од насловите е дека "Ќерка на озлогласен српски воен командант и гангстер, кој е убиен пред да му се суди за воените злосторства, се фали со огромно богатство додека го слави 18-тиот роденден".

Во медиумите пишува дека на прославата имало познати пејачи, политичари и бизнисмени, а дека обичните граѓани ја осудиле и исмевале истата.

 И покрај овие наслови, Анастасија и семејството си поминаа одлично за гламурозната забава.