Сведоштво од пожарот кое ќе ви ја заледи крвта: Мајка со 6 деца на излезот стигнала само со 4
Ме разбудија врисоци, некој викаше немој да скокаш, немој да скокаш, истрчав надвор се беше во чад, вели еден од преживеаните станари.
Пол Манесот еден од станарите кои успеа да побегне од седмиот спрат од зградата која беше цела во пламен успеал да се спаси со помош на пожарникарски скали.
-Секаде имаше црн чад, ништо не се гледаше, додека јас трчав надоле пожарникарите трчаа нагоре со маски и опрема. Тие се обидуваа да спасат што повеќе луѓе, ги прашав дали нешто треба да им помогнам, ми рекоа само да излезам надвор од зградата поради моја сигурна безбедност. Меѓутоа беше проблем да излезам поради пожарот кој зафати дел од мојот кат, вели тој.
Како што пренесуваат британските медиуми други сведоци пак раскажуваат дека една жена со шест деца се обидела да побегне од 21-от кат, но кога стигнала на приземјето и недостасувале две деца.
Станарите на околните згради велат дека виделе други луѓе како скокаат од зградата дури и од последните спратови и паѓале директно на бетонот.
Други пак викале од радост и среќа бидејќи биле спасени, една од нив и едно пет годишно девојче кое е извлечено од оганот, пренесуваат тамошните медиуми.
-Сето тоа ексалираше многу брзо, пожарот избил на третиот кат и наеднаш целата зграда беше зафатена од пламенот. Луѓето викаа и бараа помош, ги носеа децата надвор од зградата, сите беа без помошни бидејќи никој не можеше да им помогне внатре во зградата, вели еден сведок за Би-Би-Си.
Ново на Сител
-
Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино
-
ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица на опасно стрмно место меѓу село Кожле и Велес
-
Несудената актерка која го создаде Мој ДДВ | Сања Лукаревска | Неформално | Sitel Podcast 039
-
РКЕ најaвува продолжување на евтината тарифа до 16 часот
-
Во Чашка затекнати двајца дрвокрадци од Прилеп
-
Комесар на СЕ за човекови права: Со Резолуцијата за Сребреница, светот се залага за правата на жртвите
-
Пронајдена дрога кај девет гости во скопски дискотеки
-
Пожар во куќа во центарот на Штип