Свечен прв академски час на дисперзираните студии во Кавадарци
На свечен начин денеска започна првиот академски час на дисперзираните студии во Кавадарци, кои се дел од универзитетот „Гоце Делчев" од Штип. Виолета Димовска, редовен професор на универзитетот, изјави дека таму се активни три факултети со шест наставни програми, Земјоделски, за информатика и Факултет за природни и технички науки. Оваа учебна година се запишани седумдесетина студенти.
- Оваа бројка е задоволителна, имајќи ги во предвид условите за образование и трендовите кај младите, рече таа.
Таа нагласи дека постојано се менуваат наставните програми, имајќи ја предвид законската регулатива која условува секоја петта година да се вршат акредитации и воведување нови и промени кај веќе постоечките програми и е во насока на задоволување на потребите во стопанството и усогласување на програмите на светските универзитети. Студенти од овој универзитет имаат можност за студентска размена во странство.
И годинава најмногу студенти во Кавадарци се запишале на програмата за индустриска логистика.
- Како и досега, имаме склучено договор со фирмите кои соодветствуваат со нашите наставни програми и сите наши студенти задолжително спроведуваат практична настава, додаде Димовска.
Таа соопшти дека студенти од претходните генерации веќе се самостојни енолози. По искуството од практичната настава стекнато во големи винарии, некои од нив се одлучуваат и за сопствен бизнис.
Инаку денеска на сите нови студенти им беа врачени и студентските индекси.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости