Свечен прием во Владата по повод Денот на албанската азбука
Вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика денеска во Владата организираше свечен прием по повод Денот на албанската азбука 22 Ноември со кој се одбележуваат 109 години од Битолскиот конгрес на кој таа била стандардизирана.
На настанот, како што информираа од Секретаријаот за спорведување на Рамковниот договор,присуствуваа доајени на албанското образование и просветни работници, на кои вицепремиерот Лика им се заблагодари за нивниот придонес во развојот на образованието на албански јазик и на многу генерации Албанци.
Владина делегација предводена од вицепремиерот Лика попладнево ќе го посети Музејот на албанската азбука во Битола каде што ќе биде отворена изложба на портрети на делегати кои пред повеќе од еден век учествувале на Битолскиот конгрес. Одбележувањето ќе биде заокружено со концерт во Центарот за култура во Битола.
Активностите за Денот на албанската азбука, кој е неработен ден за Албанците во Македонија, почнаа вчера со научна трибина во Битола, на која учествува истражувачи на албанологијата од државни институции во Македонија, Косовo и Албанија.
На 14 ноември 1908 година во Битола бил свикан Битолскиот конгрес со цел да се создаде унифицирана азбука која ќе биде и почеток на албанската литература. На конгресот присуствувале 150 делегати, кои дошле од Албанија, како и од албанските заедници во Романија, Италија, Грција, Турција, Египет, Америка итн. Претседател на Конгресот бил албанскиот дипломат, писател и политичар Митхат Фрашери.
Ново на Сител
-
Протест на вработени во институциите на ЕУ против израелските воени операции во Газа
-
Во Струга до 17 часот излезноста за претседател 23 проценти, за парламентарните избори 35 отсто, во Вевчани над 63 проценти
-
Двајца фаворити на изборите во Бугарија се на американската црна листа
-
Во Куманово за претседателските избори, излезеноста до 17 часот e 37,66, за парламентарните е 44,82 отсто
-
Во Југоистокот продолжува трендот на најголема излезност во Дојран и Гевгелија, најмал во Радовиш
-
Во Штип излезноста до 17 часот е над 48 отсто на двојните избори
-
Излезноста до 17 часот за претседателски избори е 42,32%, за парламентарни 46,93%
-
Пет лица повредени откако од патот излета возило со албански регистрации во Струшко