-->
-->
Супер лига: Дербито за МЗТ Скопје
-->
Со одлична игра во вторите 20 минути, особено во фазата на нападот, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром лесно и убедливо го совладаа вечниот ривал Работнички (87:68), во вечерашниот дуел на домашен терен во рамки на 3. коло од Суперлигата.
„Сино-белите“ во третиот и четвртиот период постигнаа дури 51 поен и остварија позитива од 18 поени што беше сосема доволно за трета победа по ред во домашното првенство по релативно изедначеното прво полувреме (36:35).
Триумфот е уште позначаен ако се знае дека беше остварен и без помошта на Душан Катниќ, кој во втората четвртина доби удар во предниот дел од телото поради што го пропушти останатиот дел од средбата. Стандардно отсуствуваше и Стефан Синовец исто така поради повреда. Кај Работнички поради повреда во третата четвртина играта ја напушти Ѓорѓи Чековски.
Ѓорѓе Дреновац со 17 поени беше најпрецизен во домашниот состав, додека кај гостите од „Градски Парк“ се истакна Диме Тасовски со 23 поени, но и тие не беа доволни да се избегне вториот пораз во Супер лигата.
На другите два дуела: Кожув – Фени Индустри 83:76 и Куманово – Карпош Соколи 88:91 по продолжение.
Табела: МЗТ Скопје 6 бодови, Карпош Соколи 6, Работнички 4, Кожув 4, Куманово 4, Фени Индустри 3.
Во плеј аут лигата кошаркарите на Вардар ја постигнаа првата победа во првенството откако на гости слевеа против Охрид со 77:65. Утре играат Струмица - Пелистер.
Табела плеј аут лига:Охрид 23 бодови, Струмица 21, Пелистер 21, Вардар 18.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата