Судир меѓу полицијата и демонстранти во Ереван, најмалку 60 повредени
Најмалку 60 лица се повредени во синоќешните судири меѓу полицијата и повеќе илјади поддржувачи на опозицијата во Ереван, кои се пренесени во пет болници во главниот град, изјави портпаролката на ерменското Министерство за здравство, Анаит Ајтајан.
Неколкумина демонстранти се повредени во близина на зградата на полицијата, каде од 17 јули група вооружени напаѓачи држат заложници.
Во центарот на Ереван синоќа се собраа над 4.000 лица, а неколку стотици од нив тргнаа кон зоната на преземената полициска зграда. Полицијата употребила шок бомби за да ги растера демонстрантите.
Судирите започнаа на протестите кои се организираат секоја вечер во знак на поддршка, откако на 17 јули беше преземена полициската зграда во Ереван од страна на проопозициска група, со барање за ослободување на истакнат локален опозиционер и оставка на претседателот и Владата.
- Ерменската полиција, исто така, имаше престрелка со групата од 29 вооружени напаѓачи, при што тројца од се повредени, истакна портпаролот на полицијата, Ашот Агароњан.
Други петмина напаѓачи беа повредени во претходна престрелка со полицијата. Шестмина се хоспитализирани, а двајца добиваат медицинска помош во зградата која е под нивна контрола од екипа на брза помош, која е киднапирана по нејзиното пристигнување.
Ново на Сител
-
Поради силни турбуленции повредени се 12 лица на лет на „Катар Ервејз“ на релација Доха-Даблин
-
Скопјанец почина косејќи трева во двор, го усмртил струен удар
-
Дачиќ: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка
-
Ја вознемирувал поранешната партнерка и непочитувал судска мерка, уапсен неготинец
-
Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Карпош
-
Голема тепачка меѓу навивачи на Олимпијакос и Панатинаикос во Берлин
-
„Од Битола до Вевчани се сардисано“ - годишен концерт на КУД „Дримкол“ Вевчани
-
Млад возач на „јамаха“ заврши во болница по судир со „пежо“