Македонија
16. January 2016 - 16:39

Студен бран и снежни бури во Македонија

Mакедонија од жолта влегува во портокалова фаза на метеоролошко предупредување со услови и за снежни бури.

Според метеоролозите, денес претпладне беше  облачно со врнежи од дожд, кои во текот на денот почнувајќи од север  преминаа во снег.

Од  АМСМ  апелираат без особени потреби да не се патува во западниот дел од државата,задолжително носење на зимска опрема, внимателно возење со почитување на поставената сигнализација и прилагодена брзина.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози,наместа со остатоци од снег кој останува на коловозот после  интервенцијата  на  дежурните екипи на Македонија Пат.

Забрана за тешки товарни возила се воведува на патните правци крак Маврово-Дебар, крак Стража-Кичево, и Тетово-Попова Шапка. Забрана за автобуси  е воведена на патниот правец Тетово-Попова Шапка.

Интензитетот на сообраќајот  на патните правци надвор од градските средини е умерен.На граничните премини нама подолги застои за влез и излез од државата.

Европската метеоролошка станица издаде предупредување од портокалова фаза за снежни врнежи во половина Македонија.