Стружани осомничени за кражба во менувачница во Струмица
СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.И. (61) од Струмица, С.М (31), А.Ш (25), М.Ш (20) и Р.Ш (48), сите од с.Лабуништа, општина Струга и против С.Д. (44) од Струмица осомничени за сторено кривично дело „тешка кражба” во струмичка менувачница.
- На 24 спроти 25 септември 2016 година, во периодот од 19 часот до 7 часот утрото, второ, трето, четврто и петтопријавениот, по претходно посочување од страна на прво и шестопријавените и договор да извршат кражба, со погоден предмет насилно ја отвориле влезната врата од менувачницата во Струмица, влегле внатре и одзеле метален сеф сместен под работното биро, наведуваат од МВР.
Како што се посочува, во сефот имало 3.700 евра, 1.360 американски долари, 1.175 канадски долари, 2.000 австралиски долари, 1.500 англиски фунти, 300 шведски круни, 100 лева, 64.000 денари, шест златни женски прстени, еден златен привезок со женски лик во вид на круна и женска нараквица. Откако го одзеле сефот второ, трето, четврто и петтопријавениот заминале за Лабуништа. Со извршеното кривично дело пријавените предизвикале материјална штета во висина од 1.254.600 денари.
По наредба на судија на претходна постапка вчера бил извршен претрес кај прво и шестопријавениот и по целосно расчистување и документирање на делото се лишени од слобода и предадени на судија на претходна постапка. На второ, трето, четврто и петто пријавените, со наредба на судија на претходна постапка, им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Изгласана Резолуцијата за Сребреница во ОН – 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот:
-
Тројца повредени во сообраќајка на крстосницата кај Башино Село на автопатот над Велес
-
Претседателката оствари телефонски разговор со Зеленски: Украинскиот народ може и во иднина да смета на македонското сојузништво
-
63-годишен маж демнеел женско лице од Дебар по што и го украл телефонот на работното место
-
Графитите избришани, сторителите непознати, насликана нова содржина на монументот на гостиварскиот кеј
-
Левица: Црква изградена во 1874 година настрада од минирањата на „Бехтел и Енка“
-
Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Георгиев
-
110 пушки од Првата светска војна пронајдени при ископ во Старата касарна во Битола