Македонија
25. September 2015 - 14:33

Стотина македонски камиони заглавени на хрватско-српската граница

Стотина македонски камиони се заглавени на хрватско-српската граница поради блокадите на граничните премини меѓу Хрватска и Србија што меѓусебно ги воведоа Загреб и Белград.

Од транспортната асоцијација „Макамтранс“ инфромираат дека нивните последни сознанија се дека од Хрватска во Србија се пропуштаат дел од камионите кои не носат стока која е поврзана со Хрватска, а другите се упатуваат на паркинг плацеви.

Бидејќи не функционира ниту еден градничен премин за влез од Србија во Хрватска, од „Макамтранс“ упатуваат апел до камионџиите да ги користат алтернативите преку  Босна и Херцеговина и преку Унгарија.

Бројот на камиони се менува постојано. Блокадите на српско-хрватските гранични премини траат веќе пет дена.