Стејт департментот ги предупреди граѓаните на САД на зајакнати терористички напади во светот
Стејт департментот ги предупреди граѓаните на САД за зајакнати терористички напади насекаде во светот.
За тоа сведочат неодамнешните терористички напади во Франција, Данска, Нигерија, Турција и Мали, како и експлозивот, поради кој се урна рускиот авион над Синајскиот Полуостров, за кои одговорноста ја презеде терористичката групација Исламска држава, нагласи Стејт департментот.
- Оваа информација покажува дека групациите Исламска држава, Боко харам, Ал Каеда и други планираат терористички напади во различни региони, истакна Стејт департментот.
Во соопштението не се посочени конкретни закани или најопасните региони во светот, но на американските граѓани им се порепорачува да бидат крајно внмателни при секое патување во странство.
Предупредувањето е во сила до 24 февруари 2016 година.
Ново на Сител
-
Пожарникари од Радовиш цела ноќ гаснеле опожарена дабова шума, пожарот се уште активен
-
Во Битола пронајдени 1408 пушки од балканските војни
-
Најстудено утрово во Лазарополе
-
Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, вкупно 631 заразени
-
Бостон прв финалист во НБА плејофот
-
Денеска ќе се одржи Конститутивна седница на парламентарниот состав 2024-2028
-
135 сообраќајни санкции во Скопје
-
Повеќе од 20 лица загинаа во големите бури во САД – 300 илјади луѓе останаа без струја