-->
-->
Стартуваше Охридскиот пливачки маратон
-->
Сите 22 пријавени пливачи точно на пладне запливаа во водите на Охридското Езеро кај Свети Наум, на стартот на 31. меѓународен Охридски пливачки маратон.
Петнаесетте маратонци и седумте маратонки ќе треба да ги испливаат 30-те километри колку што е долга патеката „Климе Савин“, од Свети Наум низ 12 контролни точки до целта кај Градското пристаниште во Охрид.
Временските услови без бранови на езерото, со температура на водата од 24 степени Целзиусови идеални за добра трка и можеби нов рекорд на патеката. Во такви услови на пливачите за да стигнат до целта ќе им бидат потребни околу пет и пол часа.
Македонската пливачка експедиција брои тројца маратонци - Евгениј Поп-Ацев, Александар Илиевски и Александар Панчевски.
Охридскиот маратон се одржува под покровителство на Претседателот на Република Македонија, со награден фонд од десет илјади долари. Коорганизатори на трката се Општина Охрид, Пливачката федерација на Македонија и Агенцијата за млади и спорт.
Минатата година најуспешен во машка конкуренција беше нашиот Томи Стефаноски, а кај пливачките победата ја понесе Олга Козлодуб од Украина.
Рекордот на маратонот во Охрид му припаѓа на Аксел Рејмонд, постигнат пред три години кога, тогаш 19-годишниот француски маратонец, патеката ја исплива за 5:09:54(95) часа. Во ФИНА бодувањето се одредува според паричниот фонд, така што победникот на Охридскиот пливачки маратон, покрај паричната награда, ќе добие и 15 бода на своето конто, второпласираниот 11, третиот 9, четвртиот 7…осмопласираниот 3 бода. Секој што ќе го исплива маратонот во предвидениот временски рок до половина час после пристигнувањето на победникот на целта добива два бода.
Охридскиот маратон е трет и претпоследен во годинешната програма на „Гран-при“ серијата на ФИНА. Светскиот маратонски куп на отворени води завршува со трката Неапол – Капри закажан за 3 септември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почна комисиската расправа за Предлог-законот за реорганизација на органите на државната управа
-
Турски државјани натепале скопјанец на Бит Пазар
-
В недела предвремени парламентарни избори во Бугарија
-
ИЈЗ: Три случаи на конго-кримска хеморагична треска, еден случај на морбили
-
ЦУК: Турист од Холандија удрил во камен во Охридско Езеро, пренесен во болница
-
Во текот на 2023 година во земјава се родиле 14 деца од мајки помали од 15 години
-
Столтенберг: Украина има право да напаѓа цели во Русија
-
Вучиќ: За мене изборите завршија, ќе има многу важни одлуки на Сесрпскиот собор