Срѓа Поповиќ избран за ректор на најстариот шкотски универзитет
Активистот и еден од основачите на Движењето на отпорот Срѓа Поповиќ е избран за ректор на шкотскиот универзитет „Сент Ендрус“.
Студентите на Универзитетот во градот Сент Ендрус го избраа Поповиќ за ректор, кој во високата образовна институција е претседател на универзитетскиот суд и претседава со состаноците на кои се донесуваат одлуки од распределба на буџет до академски политики.
Поповиќ, кој е основач на невладината организација Канвас (Центар за применета ненасилна акција и стратегија), беше кандидат за ректор по предлог на студентот Џејми Родни, кој ја прочитал неговата книга „Мостра за револуција".
Гласањето на студентите покажало дека Поповиќ добил поголема поддршка отколку поранешниот лидер на Либералдемократската партија, Вилијам Рене.
Ново на Сител
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови