Македонија
11. September 2016 - 10:06

Средба на министерката Канческа - Милевска со годинашните лауреати на „Браќа Манаки“

Министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска синоќа пред почетокот на 37. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ се сретна со годинашните лауреати на наградите „Златна камера 300“ и специјална „Камера 300“.

Канческа - Милевска оствари средба со оскаровецот Џон Сил, кому му беше врачена „Златна Камера 300“ за животно дело и со Клер Пијман, соработничка на холанѓанецот Роби Милер, кој исто така е добитник на „Златна камера 300“ за животно дело, но кој поради здравствени причини не беше во можност да присуствува на фестивалот. Министерката за култура се сретна и со Федон Папамихаил, годинашен добитник на специјална „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност. 

На лауреатите, министерката Канческа - Милевска им подари пригодни подароци - Пеперутка во рамка и издание од книгата „Прекрасна Македонија“ во која се прикажани убавините на Македонија.