Средба на коалицијата „За подобра Македонија“
Актуелната политичка ситуација, како и најновите случувања во македонскиот Парламент, вклучително и незаконскиот обид за избор на претседател на Собранието, беа тема на разговор на денешната средба на коалицијата „За подобра Македонија“ што се одржа во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
- На средбата беше осуден нелегалниот, противуставен и незаконски обид за избор на претседател на собранието од страна на СДС. Исто така, се осудуваат провокациите од страна на СДС и Зоран Заев кои со своето однесување го предизвикаа револтот на граѓаните.Прекршени се уставот, законите и деловникот, и за тоа мора да има одговорност, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Коалицијата „За подобра Македонија“, се додава во соопштението, осудува насилвство и смета дека тоа не треба да биде начин на комуникација и оти е потребно смирување на страстите и ноесење на одлуки во согласност со Уставот и законите.
Ново на Сител
-
Првомајска честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски
-
Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава
-
Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш
-
Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците повеќе од половина
-
Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот
-
Денеска е Велика среда
-
ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено
-
Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест