Србија: Вработените во приватниот сектор и во 2018 година без поголема плата
Просечната заработувачка на вработените во приватниот сектор во Србија, кој според некои податоци изнесува околу 1,3 милиони, е околу 13 отсто помала од онаа што ја примаат вработените во државниот сектор и јавните претпријатија.
Како што пишува „Новости“, и следната година нема значајно да се намали тој јаз. Буџетските корисници од 1 јануари 2018 година ќе добијат зголемување од пет до десет отсто, а категоријата најмалку платени лица може да се надеваат само на поголем минималец.
Наместо 22.880 динари законот им гарантира минимум од околу 25.000 динари и се преку тоа е добра волја на работодавачите. Пред три години платата во јавниот сектор беше 49,445 динари, а во приватниот 35.789 динари. Државата на своите работници на крајот на таа година им намали плата за десет отсто, а со повремени корекции тоа намалување до денес официјално не е поништено.
Статистиката регистрира дека платите во тој дел од економијата денес се два отсто пониски и се 48.476 динари. Во истиот период приватните работодавачи зголемиле плата за 17 отсто, но денес се во просек од 42.198 финари и понатаму пониски отколку кај државата. Тие се и помали во однос на вкупниот просек.
- Платите во реалниот сектор се споени садови со зафати на државата во економијата. Колку повеќе плаќаме даноци, парафискални наметнувања и такси, толку помалку останува за платите. Не сум сигурен дека следната година во приватниот сектор ќе се овозможи раст на платите колку и во јавниот. Верувам дека вистинска мерка за раст на платите всушност е раст на БДП, изјави за „Новости“ Небојша Атанацковиќ, претседател на Унијата на работодавачи.
Следната година ќе биде зголемен и неоданочениот дел од заработката над 15.00 динари, но не постои гаранција дека тоа ќе се одрази на платите, наведува весникот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце
-
Приватните специјализанти освен повисоки плати и здравствено осигурување бараат и системски решенија